Челниците на 32 земји членки на НАТО седнаа на тркалезната маса во Вашингтон на самитот со кој се одбележува 75-годишнината од основањето на Северноатлантската воена алијанса. Поддршката за Украина за клучна тема на самитот, пред сè, за финализирање на планот за трансформација на напорите на индивидуалните држави за воена помош на Украина, во координирана НАТО-програма за снабдување на украинските сили.
Во своето обраќање пред првите луѓе на одбранбената индустрија и официјални лица од земјите-членки на НАТО, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг порача дека светот зависи од исходот на војната во Украина. Во меѓувреме, испитувањето на јавното мислење во земјите-членки на НАТО покажало дека дури 63 проценти сметаат дека руската инвазија врз Украина може да влијае врз сигурноста и безбедноста на нивната земја, со висок процент на загриженост од можна војна во земји-членки на Алијансата.
Најзагрижени за својата безбедност се Литванија и Летонија со над 80 проценти од нивните граѓани кои сметаат дека нивната земја е загрозена, додека најмалку загрижени за безбедноста на својата земја се Македонците.