Вести Свет

Макрон: Германија и САД се главни противници на членството на Украина во НАТО

Германија и САД се главните противници на членството на Украина во НАТО, изјави францускиот претседател Емануел Макрон пред самитот на 75-годишнината на Алијансата во Вашингтон, јави агенцијата ДПА.

Во пресрет на самитот на Алијансата во Вашингтон, тој забележал „силното противење“ на САД и Германија на можната покана до Украина за приклучување кон блокот.

„На крајот, одлуката да се покани Украина за влез во НАТО ќе ја донесат сојузниците“, рече тој.

Францускиот претседател потсети и на нервозата на Киев затоа што немаше таква покана на претходниот самит на НАТО во Вилнус.

„Украинците беа доста нервозни кога сфатија дека вратата е отворена, но не до толку. И мислам дека сценариото за самитот во Вашингтон е исто“, додаде Макрон, а со тоа индиректно ги урна украинските надежи за прием.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бензините поевтинуваат за денар и половина, дизелот поскапува за половина денар

Дејан Дејан

Изгоре човек во пожар кај Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Се гасне пожарот во реонот на Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе