Вести Македонија

Политичките притисоци настрана при реформи на тајните служби – порачуваат безбедносните експерти

Со анализи да се најде оптимално решение и ако се почне со реформи – да се направат темелно.

Ова е пораката на дел од безбедносните експерти, по најавата на премиерот Мицкоски за спојување на двете безбедносни служби – Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност, во една институција.

Во програмата на владејачката партија пишува дека со спојувањето ќе произлезе една модерна безбедносно-разузнавачка служба.

Но, тоа е процес кој ќе потрае повеќе месеци, а ќе мора да го помине и собранискиот филтер.

Според професорот на Факултетот за безбедност, Трпе Стојановски, позитивни се искуствата во дел од помалите земји каде што повеќе безбедносни семејства се интегрирале и се соединиле, за да покажат подобри перформанси.

Но, прашањето е – како да се тргнат настрана политичките притисоци, во процесот на реформи.

„Мора да биде разбрано дека кога ќе се влезе во процесот на реформи, тие треба да се направат целосно. Најчесто досега се случуваа реформи коишто ќе тргнеа до некаде, меѓутоа не се комплетираа. Безбедносниот сектор е сложена компонента. Осмислено и професионално да се влезе во промените коишто се очекуваат бидејќи ако тоа не биде добро направено, ако се прави под одвишен политички притисок, тогаш едноставно нема да имаме успешни решенија“, изјави д-р Трпе Стојановски, професор на Факултетот за безбедност.

Агенцијата за разузнавање е под надлежност на претседателот на државата. Гордана Сиљановска – Давкова пред десетина дена го разреши директорот Еролд Муслиу и на негово место ја постави Габриела Јаковлева. Тогаш, Муслиу оцени дека неговото разрешување е резултат на политички притисоци.

Агенцијата за разузнавање е орган на државната управа кој собира, обработува и анализира податоци и информации од значење за безбедноста, одбраната и надворешните политичките интереси на државата.

АНБ, пак, е самостоен орган основан за заштита на националната безбедност на државата и своите работи ги врши согласно Уставот. Иако е под ингеренции на Владата и премиерот, Собранието врши надзор над работата на Агенцијата.

АНБ и Оперативно-техничката агенција беа формирани пред пет години и произлегоа од поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање, непосредно по аферата со масовното прислушување.

Тогаш беше оформен и Совет за координација на безбедносно-разузнавачка заедница со кој раководи премиерот на државата, а служи за размена на информации, соработка на трите тајни служби со сродните агенции и за креирање безбедносни политики.

Спојување во една агенција на разузнавањето и контраразузнавањето се предлагаше и порано, но не беше реализирано поради ризик од концентрација на политичка моќ во тајната служба.

Со тоа, кратко по промената на власта беа заокружени реформите на безбедносните служби, по големиот скандал во јавноста.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе