Вести Свет

Во руски напад оштетени водена и енергетска инфраструктура во Украина

Русија и Украина си нанесоа штета во реципрочни напади со дронови во текот на ноќта, соопштија денеска властите на двете страни, пренесе ДПА.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија нападнала 12 украински региони, при што биле соборени 24 од 32 дронови.

Нападите го прекинале снабдувањето со електрична енергија и вода во североисточниот регион Суми во Украина, додека во Киев една резиденција и едно возило биле оштетени од остатоци кои паднале од пресретнат дрон.

Од друга страна, јужниот руски регион Краснодар, кој стана честа мета на Украина, повторно бил цел на напади со дронови.

Беспилотните летала биле соборени, но нивни остатоци запалија складишта за гориво во областите Павловска и Ленинградскаја и оштетија радио кула во градот Јејск, се вели во соопштението на регионалниот кризен тим.

Во последниве месеци, Киев погоди не само воени цели, туку и капацитети за складирање гориво и транспортни центри за да ги зголеми логистичките предизвици на Русија во спроведувањето на нејзината инвазија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе