Вести Свет

Салвини: Аеродромот во Милано ќе го носи името на Берлускони

Вицепремиерот на Италија Матео Салвини изјави дека аеродромот Малпенса во Милано ќе го носи името на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.

Салвини изјави дека Управниот одбор на италијанската Национална управа за цивилно воздухопловство ENAC вчера го одобрил барањето поднесено од регионот Ломбардија пред една година.

Конечната одлука е на министерот за инфраструктура и сообраќај и јас сум подготвен да го ставам последниот потпис, со гордост и емоции, во спомен на мојот пријател Силвио, голем претприемач, голем Миланец и голем Италијанец, напиша Салвини на X.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе