Вести Свет Спорт

Турските ултраси ги покануваат навивачите да направат контроверзен гест со раката на волкот во четвртфиналето на ЕП 2024

Турска ултрас група ги повика сите турски навивачи да направат контроверзен гест со раката кој наликува на глава на волк за време на интонирањето на химната на четвртфиналниот натпревар на ЕП 2024 против Холандија во сабота.

Според групата, поздравот со волкот не е расистички, туку „национален симбол кој означува дека си Турчин“.

Фудбалерот Мерих Демирал го направи гестот, во кој неговите прсти наликуваат на глава на волк, откако во вторникот го постигна својот втор гол во победата од 2:1 над Австрија во осминафиналето.

Контроверзниот гест му се припишува, меѓу другото, на десничарско екстремистичко движење. Движењето, познато како Yülkücü (идеалисти) или „Сиви волци“ е поврзано со политичките сојузници на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, ултра-националистичката Партија за националистичка акција (НАП) во Турција.

Гестот често се поврзува со идеологијата на „Сивите волци“.

Во поново време, поздравот на волкот го користеа и делови од опозицијата во Турција во услови на растечки национализам.

Демирал рече дека сака само да изрази дека е горд на тоа што е Турчин и дека зад тоа нема скриена порака.

Постапката на Демирал предизвика хаос и доведе до дисциплинска истрага од страна на раководното тело УЕФА.

Тој денеска доби казна од УЕФА да не учествува на два натпревари од првенството.

На натпреварите на УЕФА не се дозволени политички изјави и гестови.

Претходно на Европското првенство, УЕФА му изрече забрана за два натпревари на албанскиот играч Мирлинд Даку, откако покрај навивачите извикуваше националистички пароли, навредувајќи и Македонците и Србите.

Турското Министерство за надворешни работи ја нарече истрагата на УЕФА неприфатлива.

Турција го повика и германскиот амбасадор како одговор на острите критики од германските политичари.

На натпреварот во сабота меѓу Турција и Холандија се очекува и претседателот на Турција, Ердоган да присуствува, за што како што велат локалните медиуми, би изразил солидарност со националниот тим.

Неговото присуство само ќе го надополни она што берлинскиот полициски синдикат веќе го нарече „натпревар со највисок ризик досега“.

Се очекува на натпреварот да присуствуваат десетици илјади Турци, а голем број навивачи ќе има и репрезентацијата на Холандија.

Организацијата „Сиви волци“ беше формирана во 1960-тите и беше вклучена во политички насилства меѓу левичарите и националистите во Турција во кои беа убиени околу 5.000 луѓе за време на пучот во 1980 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе