Вести Македонија Топ вести

Сите расмислуваат за заминување во странство – Ристоски од универзитетско студентско собрание во „Топ тема“

Многу од моите колеги си одат, особено оние подобрите, тие што имаат големи успеси во студиите. На најдобрите дури не им е ниту прашање дали ќе останат, исклучоци се оние кои ќе останат. Да бидам искрен, сите размислуваат на таа тема, дали да си одат и никогаш не било сигурно дека ќе седат, рече Александар Ристоски, потпретседател на универзитетско студентско собрание, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Мислам дека е ОК некој да се отсели, не се пронашол овде или се гледа во странство, но кај нас е масовно и сметам дека ова е прилично голем проблем. Не се двајца-тројца“, рече Ристоски кој е на ФИНКИ.

И условите за живот и финансиите, според него, одат заедно во причините за иселување.

„Едното е каква енергија имате на факултетот, каков мајндсет, но мислам дека и финансиите се многу важни, бидејќи, барем кај нас на ФИНКИ, доколку не е професор, асистент или демонстратор од мали години ако земете некој, ако не му давате доволно финансии, зотшо тој би останал, кога може трипати повеќе во индустрија. Ако немате за основни потреби. Еве на пример, не е само на ФИНКИ, на Правен факултет колку што знам не се плаќаат дел од демонстраторите. Ако немате пари да живеете, нема зошто би работеле“, рече Ристоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити, Касами и Ибрахими во Владата на средба со Мицковски

Дејан Дејан

Поради нехуман третман на животните АХВ времено го затвори стационарот Лана во Струмица

Дејан Дејан

Георгиевска: Новинарите се заложници на политичарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе