Вести Македонија Топ вести

Сиљановска Давкова: Ние многу одговорно се однесувавме кон Преспанскиот договор, но за Грција не сум сигурна

Претседателката Гоедана Силјановска – Давкова вели дека Македонија многу одговорно се однесувала кон Преспанскиот Договор, реализирани се голем број обврски од наша страна дури и пред да истечат роковите но додава дека не е сигурна оти Грција го сторила истото.

Во гостување на Само интервју рече дека Грција имала посебна обрска да ја потсетува ЕУ, Советот и Комисијата, дека треба да отвориме поглавја за примената на Преспанскиот договор.

Во врска со тоа што на заклетвата за шеф на државата не кажа Северна Македонија, Сиљановска Давкова нагласи дека не терала инает, ниту сакала некого да нервира, туку се однесувала сократовски.

Дали грчката амбасадорка ја напуштила инаугурацијата, не забележала, зашто, како што потенцира, била преокупирана со чинот и воопшто не размислувала кој е во галеријата.

Во Швајцарија на средбата со Мицотакис, рекла дека очекува двете земји да се однесуваат добрососедски, а изјавата на Нимиц дека треба да бидеме горди на новото име, и создала конфузија.

– Да речете некому да го прави горд името што не го избрал сам, зашто референдумот не беше успешен, мислам дека е неетички, истакна Сиљановска Давкова.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Брутална ликвидација во Киев, на социјалните мрежи се споделува видео од убиството на Иван Воронич, клучниот човек на Зеленски

Дејан Дејан

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе