Вести Најважни Свет

Невработеноста во Италија на најниско ниво

Стапката на невработеност во Италија во мај изнесувала 6,8 отсто, исто како и во април, што значи дека и понатаму е најниска во последните 16 години, објави Италијанскиот институт за статистика (Истат).

Во Италија во мај се регистрирани 1,75 милиони невработени лица, приближно исто како и во април, додека бројот на вработени е намален за 16.000, а зголемен е бројот на лица кои не се активни на пазарот на трудот, се наведува во извештајот, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

„Невработеноста кај младите меѓу 15 и 24 години во Италија се зголемила за 0,1 отсто до 20,5 отсто во мај“, пренесува Capital.ba.

Минатиот месец Истат објави прогноза во која се наведува дека италијанската економија годинава ќе порасне за еден процент, а следната година за 1,1 отсто.

Како што се наведува, растот на домашната и странската побарувачка од по 0,7 отсто ќе го поддржи напредокот на италијанската економија. Таа ќе расте во следниот период пред се благодарение на растот на домашната побарувачка од 0,9 отсто.

Од Истат соопштија дека поради геополитичките тензии, се уште постои голема неизвесност во меѓународната рамка, што може да влијае на растот на бруто домашниот производ (БДП) на Италија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе