Уште едно „не“ за распуштање на највисоките судски тела кое што пристигнува по најавите на премиерот Христијан Мицкоски. По меѓународниот фактор преку амбасадорите во земјава да не ја меша извршната во судската власт, порака и од советот на јавни обвинители кој е во кош со судскиот совет за распуштање.
„Работиме квалитетно и сме избрани од нашите колеги обвинители“, вели претседателката на советот на јавни обвинители, Душица Димитриевска.
Но, и со објаснување не се согласува премиерот.
Советот на јавни обвинители со силно „не“ за идејата за негово распуштање, заедно со судскиот. Потребен е континуитет на работењето, промени во законот, чистење на редовите од корупција, но не и земјотреси. Што би се променило со распуштањето кога и така членовите на Советот на јавни обвинители се избираат од самите обвинители со тајно гласање.
„Не му се допаѓа на премиерот реакцијата на членовите. Премногу потонале во фотелјите и удобноста со рејтинг доверба од 2 отсто“, изјави Душица Димитриевска Претседател на Совет на јавни обвинители.
Распуштање, освен за обвинителскиот совет, треба и за судски совет, коментира Мицкоски.
До сега реториката одеше во насока да се имплементираат препораките од Оценската мисија на Европската Унија за да се спасат овие правосудни органи од грдиот впечаток кој го стекнаа во јавноста по низа скандали и превирања.
Павле Беловски