Вести Македонија Топ вести

Матурантите со просечна оценка 3,25

Просечната оценка која ја постигнаа средношколците на државната матура годинава е 3,25 и споредбено со минатите години, бележи намалување кое, според Државниот испитен центар е резултат на заострените мерки при полагањето кои овој пат беа преземени.

Откриени се 49 ученици кои за време на решавањето на тестовите користеле мобилен телефон, додека 4 ученици се фатени како препишуваат решенија по претходно добиени одговори на поставените прашања.

При оценувањето на тестовите, оценувачите детектирале 175 ученици кои препишувале на тестовите, како и 22 плагијати.

„Имаме ситуација во која што во 54 училишта во кои оваа мерка за поништување на успехот, на испитот е применета е изречена на некои ученици од 54 училишта. Со тоа што од тие 268 мерки, дури 32 се изречени во едно училиште, во текот на оценувањето, а тоа е СЕПУГС „Арсени Јовков“ – Скопје. Исто така, овие десет училишта се училишта во кои има најмногу изречени мерки, значи 53% од мерките, односно 142 се изречени во 10 од 127 училишта“, изјави Биљана Михајловска, директорка на Државен испитен центар.

На 268 ученици на кои им е изречена мерката поништување на испитот, ќе можат повторно да полагаат во августовскиот испитен рок.

„Ќе се повикаме и на одредби во законот, но ќе се повикаме на морал и етичност како на наставниците, така и на втората значајна точка“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

МОН ќе почне преговори со универзитетите за ослободување на поголеми простори и амфитеатри, за од следната година, таму да може да се спроведува државната матура, при што ќе се инсистира истите да имаат и блокатори за телефони за матурантите да не ги користат мобилните апликации.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче: Извештајот на ЕП не го загрозува идентитетот

Дејан Дејан

Остатоци од запалена гума кај пожарот до Смилковци-  истрагата утврдува дали пожарот е подметнат, казните за намерно предизвикување шумски пожар се најмалку 8 години затвор

Дејан Дејан

Пожарите на дивите депонии најголеми загадувачи на воздухот, велат експертите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе