Вести Македонија

Хаосот со приватните автобуси продолжува

Приватните превозници со редуциран возен ред. Дел од нив сообраќаа само до 10 часот, односно до завршување на последната тура. Потоа ги паркираа автобусите, а останатите возат со изменет возен ред во текот на целиот ден. Возачите се жалат дека овој проблем настанал затоа што немаат земено плата уште од јануари, а граѓаните, иако имаат тешкотии при превозот, сепак, застанаа на нивна страна.

„Не е проблемот кај возачите. Кога не добиваат пари, нормално дека нема да возат“, вели една граѓанка.

„Вината не е кај возачите, туку кај надлежните. Треба да се исплатат долговите и после ќе си возат редовно превозниците“, додава друга граѓанка.

„Би требало да им се исплаќаат пари, луѓето работат за плата“, заклучува жителка.

Иако првично превозниците најавија дека ќе возат намалено сѐ додека не ги потрошат последните количини нафта, денес се договорија да имаат состанок меѓусебно на кој ќе одлучат што ќе прават понатаму.

Градоначалничката на Град Скопје, под чија ингеренција е ЈСП, ги демантира обвинувањата. Од ЈСП, пак, остануваат на ставот дека не станува збор за долг од над два милиони евра.

„Моменталните побарувања во ЈСП сметководствено изнесуваат 34 милиони денари и редовно се исплаќаат авансни средства, а тоа не е сериозен проблем од причина што големи суми се побаруваат во континуитет поради големите трошоци за нафта“, соопштија од ЈСП.

Превозниците со претходниот директор на ЈСП имале договор долгот да се исплати на рати, но набрзо градоначалничката Арсовска го разреши и постави нов директор. Во моментот, од три фирми на приватни превозници, две возат само во утринските часови, а третата сообраќа цел ден.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе