Вести Свет Топ вести

Орбан отпатува во Москва, утре ќе се сретне со Путин – Европа во шок, Мишел бесен: Не нè праша

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, според медиумски известувања кои се повикуваат на неименувани извори, утре би требал да оствари средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва. Според Еуроактив, Орбан уште вечерва го реализирал патувањето.

Веста за посетата на Орбан на Русија прв ја објави унгарскиот истражувачки новинар Шаболц Панји кој, пак, се повикува на западни дипломатски извори. Унгарскиот премиер пред два дена беше во Киев на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Претставници на унгарската влада вечерва ниту ја демантираа, ниту ја потврдија таквата вест. Со Орбан во Москва отпатува и шефот на дипломатијата, Петер Сијарто, изјави владин извор за Радио Слободна Европа.

И пред да биде потврдена, со реакција се јави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

„Ротирачкото претседателство нема мандат да соработува со Русија во име на Европската Унија. Европскиот совет е јасен – Русија е агресор, Украина е жртва. Никакви расправи за Украина не може да се одржат без Украина“, напиша Мишел на Икс.

Според него, Орбан не известил ниту една институција на ЕУ за патувањето во Москва.

Во врска со, засега непотврдената информација, се огласи и полскиот премиер Доналд Туск.

„Гласините за вашата посета на Москва не може да бидат вистински или, сепак, можат“, е прашање што Туск го постави на Орбан на платформата Икс.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Самитот на БРИКС започна во сенка на политиките на Трамп и тензиите на Блискиот Исток

Дејан Дејан

Хеликоптер на МВР интервенира кај Блаце, пожарот сè уште активен – сообраќајот се одвива отежнато

Дејан Дејан

Бројот на жртви во поплавите во Тексас се искачи на 59 – стотици спасувачи трагаат по исчезнати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе