Вести Свет

Атентатот на Фицо преквалификуван како сериозен терористички акт

Обидот за убиство на премиерот на Словачка, Роберт Фицо, е преквалификуван како терористички чин, соопшти денеска словачкиот државен обвинител Марош Жилинка.

„Врз основа на доказите собрани во текот на истрагата, случајот дополнително ќе биде класифициран како особено тешко кривично дело – терористички чин“, се вели во објавата на Фејсбук.

Портпаролката на обвинителот Зузана Дробова изјави дека осомничениот за обидот за убиство на Фицо е веќе информиран за промената на статусот на случајот.

Писателот Јурај Цинтула го рани Фицо на 15 мај во градот Гандлова во западна Словачка. Напаѓачот е уапсен и обвинет за обид за убиство од политички причини.

Словачкиот министер за одбрана Роберт Калињак изјави претходно оваа недела дека Фицо наскоро ќе се појави во јавноста и постепено ќе почне да ги извршува своите должности.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожар кај Психијатриската болница во Бардовци – евакуирани пациенти и персонал

Дејан Дејан

Сè уште се трага по 11 деца и еден воспитувач по разорните поплави во Тексас

Дејан Дејан

Самитот на БРИКС започна во сенка на политиките на Трамп и тензиите на Блискиот Исток

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе