Вести Свет Топ вести

Лајчак: Нема резулати од средбата меѓу преговарачите на Србија и на Косово во Брисел

Без постигнати резултати е завршена средбата во рамките на дијалогот меѓу двајцата главни преговарачи на Косово и на Србија, Бесник Бислими и Петар Петковиќ и пратеникот на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа.

Претставникот на српската владина Канцеларија за Косово, Петар Петковиќ, по трилатералната средба во Брисел рекол дека разговорите биле тешки и дека српската делегација инсистирала на формирање Заедница на српски општини и за нормализирање на односите, но дека Бесник Бислими одбил да разговара за нацртот за ЗСО.

Петковиќ вели дека на средбата било разговарано и за исчезнатите лица и енергетиката, како и за деблокирање на српската стока која не може да влезе на територијата на Косово повеќе од една година.

Според Бислими пак, ова е уште една средба на која српската страна потврдила дека нема да ги спроведат сите елементи од договорот за патот кон нормализација на односите, што лидерите го постигнале минатата година во Брисел и Охрид.

Според главниот преговарач на Косово, нема да има повеќе средби за дијалог во текот на летниот период.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хеликоптер на МВР интервенира кај Блаце, пожарот сè уште активен – сообраќајот се одвива отежнато

Дејан Дејан

Бројот на жртви во поплавите во Тексас се искачи на 59 – стотици спасувачи трагаат по исчезнати

Дејан Дејан

Пожар кон граничниот премин Блаце, се шири кон шума

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе