Вести Свет

Било нападнато од крокодил додека пливало – австралиската полиција трага по 12-годишно момче

Австралиската полиција трага по 12-годишно момче кое било нападнато од крокодил додека пливало. Алармот бил вклучен доцна синоќа во Палумпа, оддалечен град во северната територија.

Полицијата соопшти дека 12-годишното момче последен пат било видено како плива и дека „првичните извештаи се дека било нападнато од крокодил“. Беше започната потрага, во која беа вклучени официјални лица и локални жители.

„Локалните полицајци се на местото на настанот и нашите мисли се со семејството и заедницата“, рече постариот наредник Ерика Гибсон.

„Полицајците во моментов ја пребаруваат областа со брод и благодариме на заедницата за нивната континуирана помош“, додаде таа.

На северната територија има повеќе од 100.000 крокодили, а некои се големи и до шест метри. Сепак, фаталните напади врз луѓето се релативно ретки.

Во таа област се присутни и морски и слатководни крокодили. Морските крокодили се поголеми, поопасни и поагресивни кон луѓето и можат да пораснат до шест метри во должина. Слатководните крокодили можат да достигнат три метри во должина, а познато е и дека ги напаѓаат луѓето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синиша Стојановски нов директор на ГОБ „8 Септември“, Марија Андоновска на ИЈЗ

Дејан Дејан

Хаосот на Онкологија „под лупа“ на надлежните – летово ќе се бараат решенија за бројните проблеми

Desk

Собранието има алатки за борба против корупција, потребна е волја

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе