Вести Македонија Топ вести

Живот покрај Серава- змии, стаорци, смрдеа и ненадлежни локални власти

-Цело лето поради лоша миризба луѓето не можат прозор да отворат. Шетаат стаорци, змии…

Повеќе од 12 години жителите од општина Бутел кои  живеат во близина на  реката Серава се соочуваат со овие проблеми.  Велат дека коритото  не е  исчистено со години па поради тоа реката претставува извор на зараза. Состојбата била најлоша во лентите месеци и кога врне дожд. Објаснуваат дека со последното невреме кое се случи пред неколку дена биле принудени ноќта да ја поминат пред дворовите од куќите,  стравувајќи водата да не им ги наполни домовите.

-Вода надоаѓа, и ги турка овие дрвата што се внатре и малку фалеше сега да излезе водата надвор од коритото и канализација има многу приклучено преку цело лето лошо мириса, вели жител од Општина Бутел 

 

-Невремето среќа што не траеше подолго. Да траеше уште еден час повеќе мислам дека ќе бевме поплавени тоа е вода и ние не може да ја спречиме. Ние со мојот татко бевме до еден часот по полноќ седевме покрај дворот за да не треба за нешто да се реагира, вели жител на општина бутел

Се обратиле и до општината, но велат ништо не се променило.

Градоначалникот на Бутел пак Костовски вели работата треба да ја заврши Град Скопје.

-Пред точно една година Општина Бутел се обрати до Градот Скопје со кој им посочивме да го исчистат коритото а нивната надлежност е точно под тоа корито затоа што е под ГУП и е надлежност, но нема ни трага ни глас,  но овој пат состојбата е алармантна и реката е навистина пред излевање и ако се неспособни еве даваме еден јавен предлог со меѓуопштинска  соработка да ни го дадат делот и еве  ќе тендерираме и ќе ја исчистиме реката. Во оној дел што е реката надвор од ГУП ние ја чистиме, вели Дарко Костовски, Градоначалник на Град Скопје

Но, од  Град Скопје објаснуваат дека  редовно си ги завршуваат работите за кои се тие надлежни.

 

Јавното претпријатие Улици и патишта врши одржување на коритото на река Вардар и влезот на нејзините притоки Лепенец,Треска, Серава, што се спроведува редовно. Позачестени се детектирани проблеми од фрлање отпад и креирање депонии во коритата отколку предизвици со вегетација. Надвор од надлежноста на јавното претпријатие за одржувањето на коритото на реката Серава, е потегот кој го одржуваат, градат и уредуваат ,Чучер Сандево и Бутел се вели во дописот од  Јавното претпријатие Улици и патишта

За дезинфекција пак од стаорци,  глодари, змии според законите се надлежни исто така општините.

Од друга страна пак едно од главните предизборни ветувања на градоначалникот на Бутел, Костовски  но и најважен проект беше токму уредување на кејот на реката Серава. Се најавуваше уредување на речното корито, но и  изградба на пешачки патеки, клупи.

Но, денешната слика покрај реката Серава беше далеку од она што се ветувало. Речното корито е претворено во мала депонија и затрупано со гранки и дрва. Жителите пак чекаат да дојде денот  кога оној кој е надлежен ќе дојде и ќе го среди нередот во реката за да можат нормално да живеат и да не стравуваат дека при секој дожд ќе се поплават.

Ирена Чачкова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нова судска драма за уставната судијка Кацарска: На Судскиот совет предводен од Дамева „му текна“ дека пред две години ја пензионирале како судијка

Дејан Дејан

Дваесет и двајца економски директори со мандат ги одбројуваат последните денови во фотелја – по законските измени, нема да можат да тужат

Desk

Ирена Алексиоска Папестиев нова директорка на ГАК

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе