Вести Свет

Христијанин осуден на смрт во Пакистан откако објавил слики од искинати страници од Куранот

Судот во Пакистан осуди христијанин на смрт поради споделување, што судиите го протолкуваа како содржина со омраза против муслиманите на социјалните мрежи. Сето тоа се случило по еден од најлошите напади на разгневената толпа врз хриситијаните во источната провинција Пенџаб минатата година, изјави адвокатот на осуденикот. Тој додаде дека ќе поднесе жалба на пресудата.

Групи муслимани запалиле десетици домови и цркви во градот Јаранвала во август 2023 година, откако некои жители тврделе дека виделе двајца христијани како кинат страници од Куранот, ги фрлаат на земја и пишуваат навредливи коментари за нив. Двајца мажи потоа биле уапсени.

Во тоа време, немаше извештаи за жртви бидејќи преплашените христијани ги напуштија своите домови во побезбедни области.
Полицијата уапси повеќе од 100 осомничени за палење домови и цркви, но не е јасно дали некој е осуден.

Ехсан Шан, иако не бил вмешан во сквернавењето на Куранот, е обвинет за повторно објавување фотографии од обезличени страници на Куранот на неговиот профил на ТикТок, изјави неговиот адвокат Курам Шахзад.

Тој беше осуден на смрт во саботата од судот во градот Сахивал во провинцијата Пенџаб.

Амир Фарук, полицаецот кој го уапси Шан, рече дека мажот споделил „содржини со омраза во чувствително време кога властите веќе се бореле да го задржат насилството“. Навед Кашиф, локален свештеник во црквата во Сахивал, не го оправдува чинот на Шан, но се прашува „зошто судот нареди таква екстремна казна кога оние кои се поврзани со нападите допрва треба да бидат казнети“.

Обвинувањата за богохулење се вообичаени во Пакистан. Според законите за богохулење во земјата, секој што ќе биде прогласен за виновен за навреда на исламот или исламските верски личности може да биде осуден на смрт. Честопати самите обвинувања можат да предизвикаат немири и да ја поттикнат толпата на насилство, линч и убиства.

На пример, на 3 јуни, 72-годишниот Назир Масих почина откако беше нападнат од разгневена толпа под обвинение за богохулење во мај.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Последните денови во фотелјата ги одбројуваат 22-ца економски директори со мандат – по законските измени тие не можат да тужат

Desk

Ирена Алексиоска Папестиев нова директорка на ГАК

Дејан Дејан

Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенцијата за храна и ветеринарство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе