Вести Македонија Топ вести

Деспотовски го оспорува изборниот резултат, но нема да дејствува како фракција во СДСМ

Јован Деспотовски денес до Владата ја достави својата оставка од директорското место во ТИРЗ за како што кажа да може да се посвети на политичкото дејствување. За Деспотовски внатрепартиските избори не се завршени бидејќи сеуште нема добиено одговор зошто речиси половина од членовите кои се пријавија за гласање не излегоа во неделата. Тој најави дека нема да биде фракција во СДСМ.

За Деспотовски е нејасно како Централната изборна комисија прогласила победник на внатрепартиските избори иако рокот за приговори не е истечен додава дека тоа фрла дополнителна дамка на процесот. За изјавата дека нема да извршува партиска функција кажа дека ќе ја испочитува откако ќе биде завршен изборниот процес и не кажа дали повторно ќе се кандидира за претседател на СДСМ на следните избори кои треба да се одржат во март следната година.

Избраниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, ги отфрли тврдењата на Деспотовски и Петровска и нагласи дека ниту еден од неговите противкандидати не нашол фантомски избирачи меѓу членовите пријавени за гласање.

На внатрепартиските избори кои се одржаа завчера од регистрирани над 23 илјади гласачи, гласаа 12.608 членови или 54 проценти а Филипче освои убедливи 9.052 гласа пред Јован Деспотовски со 2.705 гласа и Александар Бајдевски за кого гласаа 905 регистрирани членови на СДСМ.

Утре во седиштето на партијата ќе се одржи примопредавање на функцијата претседател.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите на дивите депонии најголеми загадувачи на воздухот, велат експертите

Дејан Дејан

Филипче: СДСМ нуди конкретен план за подобрување на системот за справување со пожари, ВМРО – ДПМНЕ со реакција

Дејан Дејан

Неколку приведени за пожарите во Скопје, меѓу нив има и тројца тинејџери носеле шишиња со бензин и петарди

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе