Вести Свет

Русија го презеде едномесечното претседавање со Советот за безбедност на ОН

Русија денеска го презеде едномесечното претседавање со Советот за безбедност на Обединетите нации.

Постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензја претходно изјави дека за овој месец се планирани три клучни настани.

Првата седница на Советот за безбедност под раководство на Русија ќе се одржи денеска во првата половина од денот по њујоршко време, а на неа ќе биде одобрена и работната програма за наредниот месец.

По неа Небензја ќе одржи прес-конференција и затворен брифинг за членовите на Генералното собрание на ОН.

Се очекува главните настани на руското претседателство да се одржат кон средината на месецот и ќе бидат посветени на градење поправеден, подемократски и поодржлив светски поредфок, регулирање на блискоисточното прашање, како и соработката на ОН со Организацијата на Договорот за колективна безбедност (CSTO), Заедницата на независни држави (ЗНД) и Шангајската организација за соработка (SCO).

Дополнително, како што претходно најави Небензја, ќе биде покрената и темата за украинскиот напад на Севастопол со тактички ракети „ATACMS“ опремени со касетни боеви глави.

СБ на ОН овој месец ќе одржи дваесетина отворени седници и затворени консултации

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демири во Топ Тема: Отпуштени се 18 вработени во Токсикологија за чие ангажирање имаше одобрение од надлежните

Дејан Дејан

Нафтата поскапува по пријавениот пад на залихите во САД

Дејан Дејан

„Политико“: Трамп преговара со Путин колку украинска земја може да задржи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе