Кошарка Спорт

Филаделфија има олстар трио: Пол Џорџ им се приклучува на Ембид и Макси

Еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата Пол Џорџ ќе потпише договор со Филаделфија и тоа како слободен агент по заминувањето од Лос Анџелес клиперс. Сиксерс сега ќе имаат ол-стар трио и ќе се обидат да го нападнат тронот на Бостон селтикс.

Џорџ ги извести Клиперс дека не планира да потпише нов договор со тимот како слободен агент, а неговиот избор за нов клуб е Филаделфија. Деветкратниот ол-стар ќе потпише четиригодишен договор со Сиксерс вреден 212 милиони долари. Џорџ ќе им биде соиграч на поранешниот МВП Жоел Ембид и Тајрис Макси. Тимот се надева дека со ова олстар трио ќе може да го нападне шампионскиот трон во лигата следната сезона.

Џорџ изминативе пет сезони во дресот на Клиперс имаше просек од 23 поени по натпревар. Претходно играше за Оклахома и Индијана.

Ветеранот Крис Пол следната сезона ќе настапува за Сан Антонио. Голден Стејт се откажа од неговиот услуги за да заштеди 30 милиони долари од договорот што требаше да му ги исплати следната сезона. Пол потпиша едногодишен договор со Спарс вреден 11 милиони долари и во својата 20-та сезона во НБА ќе му се приклучи на младиот талент Виктор Вембањама.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Клеј Томсон ги одби Лејкерс за да стане соиграч на Дончиќ

Desk

Франција со автогол ја елиминираше Белгија и стигна до четвртфиналето (ВИДЕО)

Desk

Мексико испадна од Копа Америка, познати се првите две четврфинални пресметки (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе