Вести Македонија Топ вести

Евроамбасадорот со порака – нема менување на Преговарачката рамка за Македонија

Нема менување на преговарачката рамка на ЕУ со Македонија. Вака гласи директниот одговор на евроамбасадорот Дејвид Гир на темата која ја отвори новата власт изминатиот период дека преговарачката рамка за Македонија може да биде репреговарана и сменета.

Секогаш сум бил многу јасен за ова. Овој Договор, кој беше постигнат во јули 2022, резултираше со отворање на преговорите и скрининиг процесот. Не гледама можност за менување на преговарачката рамка и тој е став непроменет по изборите, изјави Гир.

Во меѓувреме од премиерот, Христијан Мицкоски, стигна нова најава за репреговарање, но не на преговарачката рамка со ЕУ, туку на Договорот со Бугарија.

Ако можел Договорот за добрососедство да биде репреговаран и да му се додаде т.н. француски предлог, не гледам причина зошто да не се додаде некој француски предлог плус или друг предлог којшто ќе ги опфати барањата коишто ги има македонскиот народ, Македонците во Бугарија, изјави Мицкоски.

Министерот за европски интеграции, Орхан Муртезани, пак со ЕУ ќе го отвора прашањето на Протоколот за спроведување на Договорот со Бугарија. Тој по денешната средба со евроамбасадорот Гир, на која разговарале за реформскиот процес и реформската агенда на Македонија, на дневен ред ги врати уставните измени, за кои рече дека ќе се случат, но претходно со ЕУ треба да се отвори прашањето за Протоколот.

Доброто е што никој нема дилеми за зачленувањето на земјата во ЕУ и евроатлантскиот пат. Тоа што го забавува е Протоколот којшто извира од Преговарачката рамка. Секако дека во блиски преговори и разговори со ЕУ и со Владата ќе видиме кое е најдоброто решение, без притоа да создаваме проблеми на патот на евроинтеграциите, е ставот на Муртезани.

Инаку Муртезани на своето прво официјално појавување како министер денеска направи и лапсус именувајќи го евроамбасадорот Дејвид Гир како Ричард Гир, на што евроамбасадорот возврати дека на тоа гледа како на комплимент.

Денеска имавме прва, многу успешна средба со амбасадарот на Европската делегација г-динот Ричард Гир, го уверив амбасадорот дека Република Северна Македонија… извинете г-динот Дејвид Гир…

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЈСП демантира дека има долг кон приватните превозници, најавува тужби доколку прекинат да возат

Дејан Дејан

Тошковски: „Безбеден град“ ќе профункционира за многу брзо

Дејан Дејан

Тошковски: Очекуваме за два месеци издавањето патни исправи да го вратиме во нормалниот законски рок

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе