Вести Најважни Свет

Екстремната десница извојува историска победа во првиот круг од парламентарните избори во Франција

Според привичните неофицијални резултати од парламентарните избори во Франција, екстремно десничарската партија Национален собир е голем победник во првиот изборен круг со 33,5 отсто освоени гласови, што значи дека партијата би можела да обезбеди меѓу 240 и 270 пратениците.

Партија, чиј лидер е Жордан Бардела, не би имала апсолутно парламентарно мнозинство, но би можела да освои најмалку 150 парламентарни места повеќе отколку по изборите во 2022 година, пренесуваат француските медиуми.

Новиот Народен фронт со 28,5 отсто од гласовите ќе има меѓу 180 и 200 пратеници, пред политичката коалиција на Макрон која освои 22,1 отсто од гласовите и може да обезбеди меѓу 60 и 90 пратеници.

Партијата „Национален собир“, на чело со младиот Жордан Бардела, одлучно изби во водство на парламентарните избори, што би можеле да го отворат патот до власт за екстремната десница за првпат по Втората светска војна.

Резултатот е тежок пораз за Макрон, кој сметаше дека на овие предвремени избори ќе го зголеми релативното мнозинство што неговата партија и нејзините сојузници го имаа во Долниот дом.

Доколку ниту еден од таборите не добие апсолутно мнозинство, како што покажуваат предвидените резултати, Франција ја чека тешки преговори за формирање коалициска влада.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Предложените измени на „балансерот“ ги поделија партиите

Дејан Дејан

Тренчевска: Линеарното зголемување на пензиите за сите пензионери не е добро

Дејан Дејан

Сопругот на 32-годишна жена од тетовско која почина на КАРИЛ бара одговори – зошто обичната операција за вадење камен од бубрег завршила со смртен исход

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе