Вести Македонија Топ вести

Како се случи 10.000 регистрирани членови да не го остварат правото на глас? – Деспотовски бара одговори од ЦИК за изборите во СДСМ

Јован Деспотовски со постизборна порака до сопартијците. Ја пренесуваме во целост

Денеска, дел од членовите на СДСМ гласаа. СДСМ е единствената партија и во земјава, и во регионот, која има широк модел за избор на претседател. Со тоа треба да ја покаже својата големина и демократски капацитет. Но, тој демократски капацитет денес, но и во деновите што следат треба да биде докажан и потврден.

Од срце им благодарам на сите членови на партијата кои излегоа да гласаат, како и на сите оние кои излегоа, дојдоа на избирачките места но од различни причини не им беше овозможено да гласаат. Искрено им благодарам на сите оние кои во изминатите неколку недели беа со нас и дадоа своја енергија во градење на еден нов СДСМ.

Пред воопшто да можам да дадам конечна оценка за изборниот процес, Централната изборна комисија и партиските органи мора да обезбедат одговор на две клучни прашања:

  1. Како ни се случи над 10.000 наши членови кои се регистрирале за гласање, односно изразиле инцијатива да учествуваат во изборниот процесот не можеа односно не го остварија своето право на глас денеска?
  1. Како ни се случи на голем број на наши членови кои беа уредно регистрирани и дојдоа на избирачките места да не им е овозможено правото на глас?

На овие две клучни прашања, но и на останатите забелешки кои дојдоа од мрежата контролори низ цела држава, нашиот тим веќе утре ќе поднесе приговори. СДСМ мора многу сериозно да се позанимава и да одговори на овие прашања пред воопшто да се дефинира став во врска со овие избори. Ова, без разлика на исходот од денешното гласање и резултатите кои ги очекуваме во следните 2 часа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата повторно ќе биде оградена со ковано железо

Дејан Дејан

Силниот ветер во Скопје откорна дрвја, оштети возила и кровови, а предизвика и пожар

Дејан Дејан

Александар Пандов назначен за нов директор на затворската Управа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе