Вести Македонија Топ вести

Филипче: Нема да делам, туку ќе обединувам, сигурен сум дека СДСМ повторно ќе победува

Она што можам да го ветам е дека ќе направам се за вашата доверба да не ја изневерам и да работам онака како што ветив и се обврзав, порача Венко Филипче вечерва од Бихаќка во првото обраќање како претседател на СДСМ.

„Оваа победа за мене претставува огромна одговорност кон вас членовите на СДСМ, кон сите наши граѓани и кон нашата држава. Вечерва во СДСМ победи емпатијата, професионализмот, грижата за луѓето како мои основни вредности по кои ќе работи и функционирта СДСМ. Моја цел е да вбризгам принципите кои ме водат во мојот личен и професионален живот, принципите на заедништво, другарство, взаемна почит и отворена комуникација со кои ќе ја одликуваат СДСМ под моето раководство“, подвлече Филипче во обраќањето.

Новиот партиски претседател со порака дека е време за обнова на СДСМ и многу работа.

„Нема време за славење. Следува период на реорганизација и реформа, согласно моите програмски ветувања, со кои сум сигурен дека СДСМ повторно ќе победува. Ова нема да биде ниту брзо, ниту лесно, но нема друг начин да ја вратиме довербата кај членовите, освен да направиме вистински и темелни промени. Промените не можеме ниту да ги лажираме, ниту да бидат половични. Нема да делам, туку ќе обединувам. Силно ќе се спротивставам на оние кои ќе се обидат да ја ослабнат партијата за личен интерес“, додаде Филипче.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе