Вести Македонија Топ вести

Филипче, Деспотовски или Бајдевски – членството на СДСМ гласа за лидер на партијата

СДСМ денеска на вонредни внатрепартиски избори ќе избира нов лидер на партијата. Гласањето ќе се одвива на 77 избирачки места ширум земјава, а своето право на глас ќе можат да го остварат околу 23.373 акредитирани партиски членови.

Во трката за нов лидер на СДСМ остануваат поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче, директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, како и поранешниот заменик министер во МИОА, Александар Бајдевски, откако поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска, вчера, на еден ден пред изборите ја повлече кандидатурата.

Досега, на чело на партијата беа Бранко Црвенковски, Владо Бучковски, Радмила Шекеринска, Зоран Заев и Димитар Ковачевски.

Преку официјално писмо до Централната изборна комисија за претседателските избори во СДСМ, Петровска побара нејзиното име да не стои на избирачкото ливче, иако вчера во изјава за медиумите рече дека таа сепак ќе се најде на избирачкото ливче, бидејќи материјалите биле веќе отпечатени.

Таа ги повика останатите тројца кандидати да се откажат од внатрепартиското гласање за избор на претседател на партијата, бидејќи, како што рече, изборниот процес бил нефер, односно еден од противкандидатите имал пристап до базата на податоци и ги злоупотребувал личните податоци на членовите на партијата. Посочи дека до неа стигнале информации дека во определени општински организации се појавиле одреден број гласачи, кои не побарале да бидат регистрирани, односно, како што рече, некој користејќи ги алатките во нивно име ги регистрирал.

Четворицата кандидати месецов водеа предизборна кампања, најавувајќи реформи во партијата, како и обединување на членството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Деспотовски го оспорува изборниот резултат но нема да дејствува како фракција во СДСМ

Дејан Дејан

Гривчева Старделова со барање до Таравари за нејзино разрешување како медицински директор на Гастро

Дејан Дејан

Полицијата сè уште трага по напаѓачите во Батинци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе