Вести Македонија Топ вести

Ахмети: Оваа влада нема легитимитет, етнички легитимитет

Легитимитетот кој, според Али Амети, го имаат Демократската унија за интеграција (ДУИ) и Европскиот фронт со победата на изборите, беше во фокусот и на денешниот состанок на Генералниот совет на ДУИ, кој го свика токму тој за да дебатираат за актуелните политички случувања во земјава, но и да ги дефинираат следните чекори.

Според Ахмети, државата нема иднина ако не се почитува слободниот глас на народот и легитимноста, а одлуките кои ги носи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги оцени како неправедни и дека не носат стабилност. Тој потенцираше дека оваа влада нема етнички легитимитет.

„Ние го оспоруваме и ќе демонстрираме наше незадоволсвто и револт поврзано со нивната неправедна одлука во насока на непочитување на легитимитетот кој е постигнат од страна на ДУИ и Европскиот фронт. Со сите политички партии со кои заедно настапивиме и заедно победивме на овие избори. Оваа Влада нема легитимитет, нема етнички легитимитет. Ние ќе ја направиме нашата работа за да објасниме пред јавноста, македонската и албанската јавноста, дека оваа држава има иднина и перспектива само почитувајќи ги слободниот глас, легитимноста и ние сме победиле на овие избори“, изјава Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Според Ахмети, не треба да се создаваат нови незадоволства кај заедниците, со непочитувањето на волјата на мнозинството на втората најголема заедница, со што се нарушуваат и евроинтегративните процеси.

„Ние сме биле многу отворени и искрени, промена на Уставот е неопходна, бидејќи сите граѓани добиваме од тоа во насока на забрзување на нашиот пат кон ЕУ. Секој застој во оваа насока ќе има превисока цена, како што сме ја платиле таа цена со грчката страна, може да платиме висока цена и со бугарска страна. Но, тука цената може да биде уште повисока, споредувајќи со таа со грчката страна. Бројот на граѓани со бугарско државјанство расте секој ден. Можно е пакетот за членство во ЕУ, ако ние не ги направиме неопходните чекори, тој пакет и да биде изменет, Албанија да ги отвори преговори за членство во ЕУ, а ние да останеме назад и Албанија да стане членка, а ние држава со два народа кои имаат две различни државјанства. Со бугарско и со албанско државјанство, затоа овие пресметки треба долго да се размислат пред да се зборува и да се делува“, истакна лидерот на интегративците. 

На состанокот беше заклучено дека партијата треба да го зајакне нивото на мобилизација и со посветеност да продолжи во насока на реализација на нивната платформа. Како една од поважните активности од ДУИ најавија заеднички состанок на сите структури на партијата на локално и на централно ниво, почнувајќи од ограноците, па се до раководството, на 13 јули.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Долгогодишниот директор на невладината МЦМС Сашо Клековски назначен за нов директор на Фондот за здравствено осигурување

Дејан Дејан

Владата повторно ќе се оградува со метална ограда, одлучено е на денешната владина седница

Дејан Дејан

Екс шефот на разузнувачката служба положи заклетва – десничарот Дик Шоф нов премиер на Холандија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе