Вести Свет

Западни политичари и дипломати во шок од настапот на Бајден – незадоволство и во дел од електоратот на демократите

Не запираат оддеците низ светот од претседателската дебата меѓу Џон Бајден и Доналд Трамп во САД. Западни политичари и дипломати се шокирани од настапот на актуелниот американски претседател. Тие се свесни дека републиканскиот кандидат се повеќе се приближува до втор мандат во Белата куќа и покрај растечкиот популизам на континентот, иднината на НАТО и прашањата за Украина и Блискиот исток.

Гласовите на очај допираа од сите страни на политичкиот спектар, со повици и до Европа за уште поинтензивна подготовка за враќање на Трамп, пишува Гардијан. Германскиот стручњак за надворешна политика од редовите на ЦДУ, Норберт Ретген вели дека ноќта на дебатата нема да биде заборавена, додека полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски повлече паралела меѓу настапот на Бајден во дебатата и падот на Римското царство. Бајден остави лош впечаток и кај Карл Билт, а песимист дека Бајден ќе остане во Белата куќа е и поранешниот италијански премикер Матео Ренци. Разочараност и меѓу електоратот на демократите во САД.

И анкетите во медиумите упатуваат на се поизвесна победа на Трамп, иако до изборите има повеќе од четири месеци. На тоа укажува и онаа на „Си-Ен-Ен“ која беше направена и објавена веднаш по соочувањето и која покажа дека 67 отсто од гледачите гледаат победа на кандидатот на Републиканците додека „Њујорк тајмс“ во коментар му порача на Бајден да се откаже од претседателската трка.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче: Најсложената операција ќе биде реформа на менталитетот во СДСМ

Дејан Дејан

Филипче: Обвинувањата за нелегитимноста на процесот се некоректни и навреда за членовите на СДСМ

Дејан Дејан

Ми требаше за деловни активности во ЕУ: Министерката за енергетика се чуди зошто се пишува за нејзиното екс-бугарско државјанство кога најавила битка против корупција во системот за производство и трговија со електрична енергија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе