Вести Македонија Топ вести

Планинар паднал во провалија, извлечен со тешки повреди на главата – констатирана смрт во ГОБ „8 Септември“

Планинар паднал во провалија и завршил со тешки повреди на главата. Го извлекла единица „Tигри“ и со хеликоптер веднаш бил пренесен во Градската болница „8 Септември”, каде лекарите констатирале смрт.

Несреќата се случила на тешко пристапен терен на територијата на Општина Маврово Ростуше.

„Повреденото лице кое не давало знаци на живот, во многу тешки услови за лебдење на хеликоптерот, со силен ветер, високи дрвја и стрмни падини на местото на несреќата, со витло со придружба на специјалец од „САЕ Тигар”, е качено во полицискиот хеликоптер и пренесено до ГОБ „8 Септември” во Скопје, каде од страна на докторите е констатирана смрт“, информираат од ЦУК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе