Вести Свет Топ вести

Откажете се од изборната трка – „Њујорк тајмс“ со порака до Бајден

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ го повика претседателот на САД, Џо Бајден да се повлече од претседателската трка, еден ден по неговиот слаб настап во дебатата против Доналд Трамп, пренесоа светските агенции.

Иако посочува дека 81-годишниот Бајден е „претседател за восхит“, весникот истакнува дека на дебатата тој изгледал како „сенката на голем јавен службеник“ и дека би се впуштил во „непромислена авантура“ доколку ја продолжи кампањата.

„Нема причина партијата да ги ризикува стабилноста и безбедноста на земјата со тоа што ги принудува гласачите да избираат меѓу недостатоците на г-дин Трамп и оние на г-дин Бајден“, пишува весникот.

„Премногу голем залог е да се надеваме дека Американците ќе ги игнорираат или минимизираат годините и слабоста на г-дин Бајден, кои тие ги гледаат со свои очи“, се додава во њујоршкото издание.

„Ако ризикот од втор мандат на Трамп е толку голем како што тој вели, а ние се согласуваме со него дека опасноста е огромна, тогаш неговата посветеност на оваа земја ги остава него и неговата партија само со еден избор“, посочува „Њујорк тајмс“.

Статијата беше објавена два часа откако Бајден пристигна во Њујорк на дводневна турнеја за собирање средства за неговата кампања.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскап за половина денар

Дејан Дејан

Грција: Пожари на островите Хиос и Кос во источниот дел на Егејското Море

Дејан Дејан

Водата во Скопје безбедна за пиење

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе