Вести Свет

Отворени избирачките места за претседателските избори во Иран

Британскитре меидуми јавуваат дека претходно врховниот ирански лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ги повика гласачите да излезат на гласање во што поголем број бидејќи тоа е неопходно за да се „победи непријателот“.

-Било кој, кој е дури и малку против револуцијата… или исламскиот систем, не ви е од корист, рече Хамнеи.

Овие вонредни претседателски избори се организираат бидејќи иранскиот претседател Ебрахим Раиси загина минатиот месец во хеликоптерска несреќа, заедно со шефот на дипломатијата.

Гласачите се соочуваат со избор меѓу тврдокорните кандидати и малку познат политичар кој му припаѓа на иранското реформистичко движење и сака да ја промени шиитската теократија одвнатре. Од Исламската револуција во 1979 година, на жените и на оние кои повикуваат на радикални промени им е забрането да гласаат, а изборите не се набљудуваат од меѓународно признати набљудувачи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екстремната десница во водство, коалицијата на Макрон на трето место – први излезни анкети за изборите во Франција

Дејан Дејан

Пронајдено петгодишното момче од Србија кое беше исчезнато на плажа во Неа Флогита – крај на драмата во Грција

Дејан Дејан

(Видео) Мал авион удри во далекувод и се урна на автопат во Франција – три лица загинаа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе