Вести Македонија Топ вести

Најмногу дожд изминатото деноноќие наврнал во Куманово

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Куманово – 17 литри на метар квадратен, потоа во Тетово – 8, во Скопје-Петровец и во Дебар  – 5, во Демир Капија – 3, во Крива Паланка, Охрид, Берово, Струмица и Крушево по еден литар на метар квадратен, информираат утрово од Управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму нагласуваат дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР, но поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Утрово времето во државава е сончево со мала до умерена облачност. Наместа дува слаб ветер од променлив правец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Локално ќе има услови за краткотрајно невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени. UV=7

Во Скопје променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи Максималната температура ќе достигне 32 степена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ОЈО бара притвор за лицето осомничено за подметнување на пожарот во Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Два огнени крака, еден кон Николиќ, другиот кон Ѓопчеле – силен ветар го разгоре пожарот во дојранско

Дејан Дејан

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе