Вести Македонија Топ вести

Ќе нема факултет за здравствени науки на универзитетот на Мерко – новата влада ја поништи одлуката на претходната

Меѓународниот универзитет во Струга не може да основа Факултет за здравствени науки. Донесената одлука од претходното владино раководство е поништена, а информацијата беше потврдена денеска на првата седница на новата Влада.

Министерство за образование и наука (МОН), информира дека иако Проектот за основање на Факултетот не ги исполнувал законките услови, претходната Влада донела одлука со која дала одобрение истиот да се реализира. Ова е констатирано од страна на надлежните институции по ревидирање на спроведените активности во досегашниот тек на постапката.

„Со оглед дека станува збор за регулирана професија согласно Директивата на Европската Комисија  2005/36 и 2013/55, потребни се темелни и исцрпни анализи пред пристапување кон давање на Одобрение за вршење на високообразовна дејност за образование на овој тип на кадар. Во конкретниот случај, не се направени анализи за потребите од ваков кадар и условите за нивно образование и обука, ниту пак се извршени консултации со релевантни здруженија и надлежни органи по тој повод.  Имајќи ги предвид констатираните сериозни и бројни недоследности, Одборот за акредитација го поништи решението со кое се акредитира проектот за основање на факултетот, додека Министерството за образование и наука го поништи решението за почеток со работа, донесено од претходниот министер“, се вели во соопштението од МОН.

Новата Влада и Министерството за образованието и наука, се посочува во соопштението, се одлучни да го унапредат квалитетот на образовниот систем.

„Постои конкретен план и програма во кои нема место за вакви злоупотреби на институциите. Законите мора да важат и ќе важат подеднакво за сите“, се вели во соопштението од МОН.

Техничката влада на седница на 9 април годинава даде согласност за основање Факултет за здравствени науки на Меѓународниот универзитет во Струга, која во службен весник е објавена на 15 април. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како се случи 10.000 регистрирани членови да не го остварат правото на глас? – Деспотовски бара одговори од ЦИК за изборите во СДСМ

Дејан Дејан

Филипче: Нема да делам, туку ќе обединувам, сигурен сум дека СДСМ повторно ќе победува

Дејан Дејан

Венко Филипче, нов лидер на СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе