Вести Македонија

Кадровски именувања на првата владина седница

Кадровски промени во неколку државни институции и реконструкција на владиниот кабинет. Ова ја обележа првата владина седница.

Со Управата за јавни приходи ќе директорува Елена Петрова. Има 25-годишно искуство во Управата, извршувајќи различни раководни функции, меѓу кои управник на Дирекцијата за големи даночни обврзници. Доаѓа од местото дополнителен заменик министер за финансии во техничката Влада.

Нов директор доаѓа и во Царинската управа. Бобан Николовски 15 години работи во оваа институција, а има искуство и како прв човек на „Куманово план“ и како пратеник.

Првите владини именувања стигнаа во МВР. Александар Јанев е назначен за директор на Бирото за јавна безбедност. Има 27-годишна полициска кариера. Раководел со 4 сектори во областа на организираниот криминал, корупцијата, транснационалниот криминал, тероризмот и насилниот екстремизам.

За државен секретар во МВР е именуван Сашо Петрушевски. До скоро бил директор на Јавното претпријатие Куманово паркинг.

Во зградата на Илинденска и во кабинетот на премиерот, доаѓаат нови кадри.

Игор Јанушев стана генерален секретар на Владата. Веста ја соопшти самиот преку социјалните мрежи, потврдувајќи ги неофицијалните информации од изминатите денови. Јанушев беше пратеник, директор на ЈСП и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Ивица Томовски ќе биде директор на Службата за општи и заеднички работи. Доаѓа од приватниот сектор, но со управителско искуство во ЕЛЕМ турс.

Шеф на канцеларијата на премиерот стана Владимир Нелоски. Тој е советник во град Скопје, претходно вработен во Агенцијата за електронски комуникации и долгогодишен претседател на Унијата на млади сили.

Пред седницата на Владата, се координираа министрите од „Вреди“. Првиот вицепремиер Изет Меџити најавува дека ова ќе стане редовна пракса и дека составот ќе се прошири со идните заменици министри и други избрани и именувани функционери од оваа коалиција. Најавуваат дека во нивниот фокус ќе биде динамизирање на перспективата за членство во ЕУ, борбата против корупцијата, економскиот развој и децентрализацијата на општините.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како се случи 10.000 регистрирани членови да не го остварат правото на глас? – Деспотовски бара одговори од ЦИК за изборите во СДСМ

Дејан Дејан

Филипче: Нема да делам, туку ќе обединувам, сигурен сум дека СДСМ повторно ќе победува

Дејан Дејан

Венко Филипче, нов лидер на СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе