Вести Свет Топ вести

Европскиот совет ја усвои Стратешката агенда за правците и целите на ЕУ за следите пет години

ЕУ мора да ја заврши својата домашна задача во процесот на внатрешни реформи, но исто така бара и од оние земји што сакаат да и се придружат да го спроведат нивниот дел во реформите за да постигнат напредок на полето на проширувањето, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Ова како што посочи е дел од Стратешката агенда на блокот за периодот 2024-2029 година, која заедно со одлуката за носителите на врвните позиции на ЕУ, е усвоена од страна лидерите на земјите членки на Унијата.

Мишел потенцира дека Стратешката агенда се базира на три столба – почитување на демократските вредности, зајакнување на конкурентноста како парадигма на економскиот развој и зголемена ефикасност на европската одбрана.

Фон дер Лајен го поздрави усвојувањето на Агендата, потенцирајќи дека таа претставува политички план што ги поставува правците и целите на Унијата за следниот институционален циклус.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронајдено петгодишното момче од Србија кое беше исчезнато на плажа во Неа Флогита – крај на драмата во Грција

Дејан Дејан

(Видео) Мал авион удри во далекувод и се урна на автопат во Франција – три лица загинаа

Дејан Дејан

(Видео) Четворица загинати, над 20 повредени – експлозија на плин во ресторан во Турција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе