Вести Македонија Топ вести

Новo невреме го зафати Тетово

Уште не се опоравија од невремето во неделата, вчера попладне повторно семејството Крстески ја испумпуваше водата од подрумот и гаражите на куќата, лоцирана во близина на касарната во Тетово. Ова е една од критичните точки во градот, која е погодена по секој пообилен дожд. Жителите стравуваат дали темелите на нивните куќи можат да издражат толкава влажност. Бараат помош од властите.

„Уште не е извадена водата од првата поплава еве што се случува. Куќите што се натаму, темелите им се мокри не знам што ќе биде со нас. Ова се се случува поради еден ѕид од 100 метра, не знам зошто е направен. Касарната е со четири страни оградена, жица немаат, овде брана ни направија. Апел до централната власт ако може да дојде да ни помогне“ изјави Жарко Крстески, жител на Тетово.

Утрово можеа да се забележат остатоците од песок и камења по улиците, а граѓаните пак ги чистеа поплавените објекти. Велат крајно време надлежните да преземат конкретни чекори за да не се повторува ваквата состојба по секој дожд.

„Страшно беше, како секоја непогода. Нема место каде што нема влезено вода. Еве и куќата моја е над патот пак во визба ми влегува вода“, изјави Нада Блажевска, жителка на Тетово.

„Се расипуваат цевките затоа што извира вода, излегува многу нечиста вода, има разни ѓубриња. Значи ставаме цигли некои и да минат луѓето“ изјави Насер Алии, жител на Тетово.

„Мора нешто да се преземе. Дождот не можеме да го допреме, ама некои работи треба да се средат поготово овааа улица“изјави Трпана Ѓорѓеска, жителка на Тетово.

Водата за пиење во градот е чиста, додека до жителите на планинските села има препорака  да ја превриваат пред употреба.

„Во планинските села можат да забележат граѓаните дека водата е заматена. Нека не пијат од истата, нека користат флаширана или нека ја превриваат. Во Тетово немаме проблем водата е пивлива. Затоа што секогаш кога имаме вакви случувања водата може да има друга боја“, изјави Арлинда Мухареми, раководител на РЦУК Тетово.

Во рок од неколку дена тетовскиот регион во два наврати го зафати силно невреме, кое предизвика огромни материјални штети на имоти, патна инфрастуктура и земјоделски посеви.

Данијела Билбилоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Северномакедонци се сменети со Македонци – Албанија ја корегира грешката во пописните резултати

Дејан Дејан

Зеленски: Украина изгуби 80 отсто од капацитетот на термоелектраните и една третина од хидроелектраните

Дејан Дејан

Ја променил верата, од Милош станал Салахудин и се преселил во Нови Пазар – познат идентитетот на напаѓачот на полицаец пред амбасадата на Израел во Белград

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе