Вести Македонија Топ вести

Мојсоски и Димевски седнаа во обвинителна клупа, Каевски ќе дојде на следното рочиште – судењето за спортските ваучери се одложи

Предметот за злоупотреба со спортските ваучери со проценета штета од над 5 милиони евра влезе во судница. Судењето не почна поради отсуство на првообвинетиот Дарко Каевски, ексдиректорот на Агенцијата, кој бил на домашно лекување по направена хируршка интервенција на тетивата, објасни неговиот адвокат Петре Шилегов. Останатите 11-мина обвинети, меѓу кои и претседателот на МОК, Даниел Димевски и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски седнаа во обвинителна клупа. Обвинителката Лидија Раичевиќ ги обвинува за злоупотреба на службената положба и несовесно работење.

„Формирањето на законските тела, Централната комисија за евалуација на ваучери, овластувањата на директорите на АМС, не се испочитувани согласно Законот за спорт, согласно правилниците кои што предвидуваат почитување на строги критериуми за да може некој да добие ваучер“, изјави обвинителката, Лидија Раичевиќ. 

Раичевиќ вели дека тука не завршува нејзиното истражување. Најави дека дополнително под обвинителната клупа ќе биде и тоа кој така ги делел ваучерите и како ги користеле стопанските субјекти. Но, обвинетиот Димевски возврати со обвинувања за обвинителката. Вчера, во пресрет на судењето, поднел и кривична пријава во МВР против неа и уште три други лица. Тврди дека го спинувала целиот случај и од лични побуди ги гони членовите на централна комисија.

„Значи, Централната комисија на која јас бев нејзиниот прв претседател, ниту е надзорен орган, ниту смее да биде, ниту има овластувања. Меѓутоа, обвинителката свесно, во друштво на овие тројца други направи параван, магла, да наместо се гони тоа што треба да се гони, се гони нешто сосема друго, со единствена цел да се сокрие вистинскиот криминал, бидејќи има пријавено конкретни лица коишто тоа го направиле и да се створи фама дека нешто се работи. Сметам дека заврши времето на недопирливи во оваа држава, вклучително и обвинителите. Имаме еден јавен обвинител којшто служи затворска казна. Мислам дека е време системот сериозно да се позанимава и во своите редови“, рече Даниел Димевски.

Раичевиќ порача нејзината работа ја оценува јавното обвинителство, а судот е тој што кажува дали има докази во поткрепа на обвинението и праша што ќе се случи ако сите обвинети им поднесуваат кривични пријави на обвинителите.

„Таков фронтален напад од страна на обвинети јас со дигнитет го отфрлам и сметам дека треба да се преземат мерки вакви настапи да нема во иднина затоа што ќе дојдете во ситуација да нема обвинители коишто ќе поднесуваат смели и храбри обвиненија затоа што некој го прекршил законот“, додаде Раичевиќ. 

Првиот осмнеж за распределбата на спортските ваучери го фрли минатиот состав на ДКСК која  достави иницијатива до ЈО.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Северномакедонци се сменети со Македонци – Албанија ја корегира грешката во пописните резултати

Дејан Дејан

Зеленски: Украина изгуби 80 отсто од капацитетот на термоелектраните и една третина од хидроелектраните

Дејан Дејан

Ја променил верата, од Милош станал Салахудин и се преселил во Нови Пазар – познат идентитетот на напаѓачот на полицаец пред амбасадата на Израел во Белград

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе