Вести Свет Топ вести

Имал висок холестерол – американски дипломат пронајден мртов во соба на луксузен хотел во Киев

Вработен во американската амбасада во Украина е пронајден мртов во Киев. Телото на неименуваниот аташе на амбасадата било пронајдено во соба во луксузниот хотел „Хилтон“, објави украинскиот портал strana.ua, повикувајќи се на полициски извори.

„Вчера околу 11 часот телото на аташето на американската амбасада е пронајдено во хотелска соба. На телото не се пронајдени траги на насилство. Мажот пристигнал во Украина на 15 јуни. Споиред медицинските податоци кои ги даде амбасадата, тој имал проблеми со висок холестерол“, изјавил извор за strana.ua.

Украинската новинска куќа „Њу војс“ (New voice), исто така, наведе дека немало траги на насилство на телото. Во веста се додава дека вратата на хотелската соба била затворена одвнатре и нагласија оти не е извршена обдукција, а телото било предадено на амбасадата.

Четири неименувани извори во март за „Форин Полиси“ (Foreign Policy) рекоа дека американскиот Стејт департмент планира да распореди 30 до 40 дипломати во амбасадата на САД во Киев. Целта на планот, како што објаснија, е да се овозможи на вработените, вклучително и амбасадорката Бриџит Бринк, да имаат поголема флексибилност во патувањата низ регионот.

„Форин Полиси“ пишуваше дека вработените во амбасадата се преоптоварени, бидејќи се соочуваат со недостаток на персонал среде војната. Американскиот Стејт департмент во моментот ги советува граѓаните на САД да не патуваат во Украина поради „активен вооружен конфликт“.

„Тие кои ќе одлучат да останат во Украина, треба да бидат внимателни поради можноста од воени напади, криминал и граѓански немири. Безбедносната ситуација во Украина останува непредвидлива. Постојат континуирани известувања за руските сили кои издвојуваат граѓани на САД во украински подрачја под руска окупација поради притвор, испрашување или малктретирање поради нивната националност“, тврди Стејт департментот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе