Вести Македонија

Ристовски: Легитимна е онаа федерација која што ќе пријави систем на натпреварување

Процедурата е многу едноставна, а тоа е да сакате да го направите тоа, рече министерот за спорт Борко Ристовски во вечерашната Топ Тема на Телма запрашан како ќе ги ангажираат клубовите и федерациите да работат повеќе а не само да постојат за финансиската поддршка од државата.

Во нашиот случај желба постои, знаење како да се направи тоа постои. Тоа се тие „сателит“ федерации, тоа се тие „сателит“ клубови коишто се појавија во последните 4/5 години, изникнаа како печурки, а тоа е благодарение на т.н ваучер систем, кој што го овозможи тоа. Јас тука имав и една дебата со еден соговорник, кој е еден од креаторите на тој ваучер систем, и верувајте дека тој ваучер систем е направен намерно така за да може да изникнуваат таков тип на клубови и федерации коишто ќе имаат личен бенефит, нормално во соработка со луѓе од институциите, рече ристовски.

Запрашан како министерството ќе одлучи која федерација е легитимна, имајќи во предвид дека во многу спортови има по неколку федерации, Ристовски рече дека и тука решението е едноставно. Легитимна е онаа федерација која што ќе пријави систем на натпреварување.

Да ја земеме како пример, најпроблематична е автомобилизам федерацијата каде што има претседател, но нема систем на натпреварување. Ќе ставиме една линија над сето тоа и секој оној што нема да има систем на натпреварување, не може да постои федерација која што организира две трки во годината. Тоа не е систем на натпреварување. И вие по основ на тоа барате средства од државата и ги користите тие средства. Тоа мене не ми личи на професионализам, тоа ми личи на аматеризам, посочи ристовски.

Најави дека над федерациите ќе има построга контрола и ќе мораат да поднесуваат детални извештаи за потрошените средства од финансиската помош.

Тој тип на федерации ќе бидат повеќе контролирани, затоа што министерството сега ќе има една поголема моќ на контрола отколку агенцијата, и бидете сигурно дека сите средства коишто ќе отидат кај било која федерација, ќе бидат исконтролирани. Секоја федерација за добиените средства ќе мора да поднесе детален извештај којшто ќе биде проверуван, а не само да биде извештајот декларативен и да се напише на два листа хартија, рече ристовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден убиен новинар во Мексико

Дејан Дејан

Европските лидери ја номинираа, сега и треба поддршка – Фон дер Лајен во „лов“ на гласови во ЕП за нов мандат на чело на ЕК

Дејан Дејан

Макрон, Ле Пен или некој трет – Франција е на 24 часа до најзначајните избори во последните децении

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе