Спорт Фудбал

Познати осминафиналните двојки на Евро 2024

По одигрувањето на натпреварите од Е и Ф групата познати се сите осминафинални дуели.

Елиминациската рунда се отвора на 29 јуни со мечот меѓу Швајцарија и Италија, натпреварот во Берлин почнува во 18 часот, а за 21 е закажано соочувањето во Дортмунд меѓу домаќинот Германија и Данска.

Следниот ден Англија во Гелзенкирхен игра против Словачка, а потоа од 21 часот Шпанија се соочува со Грузија.

На први јули програмата ја отвораат Франција и Белгија, а потоа следува дуелот меѓу Португалија и Словенија.

Првиот круг од елиминациската рунда се затвора со мечевите Романија – Холандија и Австрија Турција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Унгарија и Франција ќе се соочат во мечот за златото на СП

Дејан Дејан

Ракометарките го освоија 16. место на СП во Скопје

Desk

ФОТО галерија: Познати полуфиналните двојки на јуниорското СП во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе