Вести Македонија Најважни

Километар пруга 24 милиони евра, незиградени автопати- Николоски бара да реагира ОЈО

Еден километар пруга ќе чини 24 милиони евра, ќе поминува среде Крива Паланка и ќе треба да се рушат куќи и да се иселуваат жители, а притоа ќе завршува во тунел на границата со Бугарија, кој се уште не се знае дали источниот сосед на негова територија ќе го изгради. Ова го предвидува проектот за изградба на  Коридор VIII од железничка инфраструктура кон исток, фаза 3, наведе новиот министер за транспорт и врски, Александар Николоски. Според него, рокот за доставување понуди кој истекува денеска е така поставен од претходната Влада на СДСМ и ДУИ со цел да не може новите власти да преземат мерки и да го поништат.

Во вчерашниот извештај на Државниот завод  за ревизија беше наведено дека според билатералниот договор меѓу ЕУ и земјава првично планираната  сума за железницата била 340 милиони евра, но е зголемена на 560 милиони евра.

„До денес се поднесуваат понуди за најскапата пруга во светот која што треба да помине низ цел еден град и која завршува во тунел кој што не води никаде. Би сакал да ги повикам и меѓународните кредитори кои што овозможуваат средства за изградба на овој проект, како и оние што даваат грантови сериозно да седнеме и да размислиме дали е  ова начинот најдобро да се трошат овие пари“, изјави Николоски. 

Тој го повика обвинителството да ја истражи работата на Македонски железници инфраструктура, но  и на Јавното претпријатие за државни патишта поради пред се изградбата на автопатот Кичево Охрид, бидејќи нема одговори зошто сумата за изградба скокнала за 170 милиони евра и не е изграден се уште, како и за автопатот кон Блаце за кој се планира километар да чини 20 милиони евра.

Николовски најави дека по смена на директорот на државни патишта договорот со Бехтел и Енка за изградба на Коридор 8 и Коридор 10д во должина од 108 км, ќе биде декласифициран.

За постигнување на договорот беше донесен специјален Закон, а ревизијата не можеше да ја потврди проценетата вредност од 1,3 милијарди евра и беше нотирано отстапување од планираната динамика за градба.

„Исплатени се веќе 250 милиони евра на изведувачот. Тоа е јавно познат податок. Неодговорно е да се раскине договор на веќе исплатена огромна сума на средства, затоа што се загубени средства. Тоа што е одговорно е да се седне и да се разговара колку најмногу километри автопат може да се направат за оваа рамковна сума, која што е поставена таму“, додаде Николоски.

Николоски притоа се пожали дека директорите на железници и патишта не сакаат да си дадат оставка и ќе види Владата какви мерки ќе се преземат, а за тоа кои имиња ќе ги наследат ќе одлучуваат сите коалициони партнери.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прва смена меѓу кадрите на претседателот – Силјановска го разреши Муслиу, директорот на Разузнавање тврди дека тргнала партиски, а не законски

Дејан Дејан

Секаде каде што мора, ќе го почитуваме уставното име, но никој не може да ви забрани да ја нарекувате државата како што сте учеле – Димитриевски во „Топ тема“

Дејан Дејан

Ме разреши без да се сретнеме на брифинг, попушти пред партиски притисоци наместо да работи по законска оправданост и мерит систем како што говореше, сментиот директор на Разузнавање за потегот на Силјановска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе