Вести Македонија

Муслиу во „Топ тема“: Видов ентузијазам и енергија кај премиерот, се надевам нема да ги загуби, има промена и во пристапот кон странските инвестиции

Сум забележал две работи на кои повеќе пати инсистирал премиерот. Едната од нив е локалната самоуправа и можеби ова е продолжение на таа порака дека ќе внимава и дека ќе се грижи за локалната самоуправа. Дури дел од програмата беше посериозна децентрализација, што кај нас, реално, било проблематично од 2002 година, рече Алберт Муслиу, политички аналитичар, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ по вчерашната посета на премиерот Христијан Мицкоски во Штип, каде удри камен темелник на спортска сала и направи увид на градежни активности на булевар и на клиничката болница.

„Можеби малку инерција и од изборите, но во секој случај, присуството на такви настани не е нешто за непоздравување. Тоа е ОК. Видов ентузијазам во неговиот настап, прилично го голем ентузијазам и енергија, се надевам дека таа ќе се рефлектира. Треба да дадеме шанса. Ова не е нешто лошо. Се надевам дека тој ентузијазам нема да го изгуби новиот премиер и дека ќе продолжи со работата, со темпото што го најави. Денеска видов голема работа, инвестиција. Исто така видов мала промена во пристапот на тие странски инвестиции“, вели Муслиу.

Ако во периодот 2006 година до 2017 година, додаде тој, „имавме инсистирање на поголеми вработувања, исто така нудевме евтина работна сила, во еден од настапите и на премиерот и на други експоненти во новата влада, беше речено дека ќе се инсистира на поквалитетни работни места и повисоки плати“.

„Затоа што реално, кај нас е проблем и да се најдат работници од тие со најниска стручна спрема до тие со највисока. Мислам дека тој пристап не е лош, затоа што можеби ќе овозможи да задржиме некои од кадрите кои ни бегаат во странство“, смета Муслиу, кој забележа дека „како општество, бараме влакно во јајце“ и оти ова е почеток на новата влада.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ме разреши без да се сретнеме на брифинг, попушти пред партиски притисоци наместо да работи по законска оправданост и мерит систем како што говореше, сментиот директор на Разузнавање за потегот на Силјановска

Дејан Дејан

Димитриевски во „Топ тема“: Со ВМРО-ДПМНЕ ќе потпишеме договор за владина програма и врз база на тоа ќе делуваме

Дејан Дејан

Девојче загина на лице место, нејзината мајка е полесно повредена – гром удри крај плажата Посиди, трагедија на Халкидики

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе