Вести Македонија

За 10 места во Апелација се кандидирале 59 судии

Вкупно 59 кандидати се пријавиле за пополнување на 10 места во Апелациониот суд. Од нив 37 се во конкуренција за 6 места за граѓанска област, а 22 за 4 места за кривична област.  Комисијата за разгледување на нивните кандидатури при Судскиот совет констатирала дека четворица од кандидатите биле спорни, бидејќи имале непотполна документација. Тоа се судите Бетим Јахја, Бранка Наумовска, Александра Поп Стефанија и Дијана Нацевска. На дел од нив им фалело уверение за државјанство, диплома и правосуден испит, а на дел потврда за судски стаж.

Но, повеќето од присутните членови на денешната седница на Судскиот совет на која се расправаше по прашањето, беа на ставот дека и нивните кандидатури сепак треба да бидат прифатени.

Не се согласуваше само Лорета Горгиева која порача дека не е спорно оти се работи за судии кои си ја вршат функцијата, но не покажале почитување бидејќи изразиле амбиција да напредуваат кон повисок суд, а не ги прочитале барањата во огласот и законите.

Со седум гласа за и 1 против на крајот беа прифатени и спорните кандидатури. Воедно прва седница им беше и на новите членови на Судскиот совет, Исамедин Лимани и Александар Камбовски.

Марија Митевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром

Дејан Дејан

14-годишно момче почина откако врз него падна бојлер додека се туширал

Дејан Дејан

Најк објави пораст на профитот во последниот фискален квартал

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе