Вести Македонија Најважни

Во Тетово вчера наврнале 53 литри дожд на метар квадратен

Најмногу дожд во изминатото деноноќие во државава наврна во Тетово, , 53 литри на метар квадратен,  по што следуваат Попова Шапка со 29 литри,  Скопје-Зајчев Рид и Крива Паланка со 28,  Скопје-Петровец со 15,  Маврови Анови со девет литри, Куманово, Демир Капија и Пожаране со два,  Кавадарци со еден, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во првата половина од ноќта наместа, особено во северните делови, беше нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Во втората половина од ноќта атмосферата се стабилизира, така што изутринава насекаде е сончево и тивко.

УХМР најавува дека времето претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. Максималната температура ќе достигне од 30 до 38 степени, со УВ индекс 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 36 степени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе