Вести Македонија Најважни

На првиот ден потпиша решенија за разрешување на економски директори – Таравари најави решенија и за другите проблеми во здравството

Бројот на економски директори на клиниките од денеска е преполовен, а најдоцна до крајот на летото веќе нема да постои ваквата работна позиција.

Новиот министер за здравство, Арбен Таравари првиот работен ден на функцијата го започна со потпишување решенија за разрешување на половина од вкупно 14 вршители на должноста економски директор.

За останатите ќе бидат потребни законски измени, за кои Таравари уверува дека ќе бидат експресно спроведени.

„Денеска се разрешуваат одреден број на економски директори на коишто им завршува в.д. мандатот. До средината на јули сите ќе бидат разрешени. Тие што се со мандат, за нив ќе ми требаат измени во Законот. Веќе е дадена наредба што побрзо да оди во Собранието измената на Законот и да нема веќе економски директори. Значи, рачунајте дека за месец-два нема да има веќе ниту со Закон економски директори“, изјави Арбен Таравари, новиот министер за здравство.

Еден од приоритетите на почетокот на мандатот ќе бидат и дисфункционалните компресори во салите на хируршките клиники на Клинички, уверува новиот министер за здравство.

Во наредните денови ќе донесе дефинитивна одлука дали проблемот ќе се решава со набавка и инсталирање на нов систем или поправка на веќе постоечкиот.

Овој проблеми се јави во месец мај и оттогаш е настанат хаос со термините за операции на бројни пациенти, па и оние кои немаат време за чекање.

„Во некои операциони сали воопшто нема никаков мирис, така ми кажаа директорите. Во одредени, а посебно во Абдоминална хирургија чувствуваат некаков мирис и затоа анестезиолозите не дозволуваат да функционира со централниот компресивен систем. Јас очекувам извештај и се надевам дека утре или задутре ќе добијам за испитувањата коишто се направени. Гледаме што побрзо да го решиме проблемот. Ми треба време од неколку дена за да донесам дефинитивна одлука“, вели министерот Таравари.

Таравари ги адресираше и другите актуелни проблеми во здравството.

Потврди дека по Иницијатива од Државниот санитарен и здравствен инспекторат се формира Комисија, со цел да се утврди дали имало пропусти во начинот на лекување на родилката и новороденчето од Ресен кое почина само 30 часа откако беше родено во Битолската болница.

Дополнително, Таравари потврди дека досегашниот заменик-министер за здравство Маја Манолева го информирала дека директорот на Кардиохирургија, доктор Шокаровски, е вратен на позицијата по укажувањата од Антикорупциска, што според новиот министер е исправна одлука.

Токму Манолева денеска го пречека Таравари на примопредавање на функцијата во Министерството за здравство.

Петар Догов

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе