Вести Македонија Најважни

Собранието го изгласа новиот владин состав

Собранието вечерва со 77 гласа „за“ и 22 гласа „против“ ја избра новата Влада чиј претседател е Христијан Мицкоски. Владината коалиција ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, партиите од коалицијата Вреди и ЗНАМ. Против Владата гласаа пратениците од СДСМ и Левица, а Европскит фронт ја напушти седницата кратко пред нејзиното завршување.

Министер за внатрешни работи е Панче Тошковски, за одбрана Владо Мисајловски, за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцуски, за финансии Гордана Кочоска Димитриеска, заменик претседател на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, за информатичко општество и дигитална трансформација Стефан Андоновски, министер за локална самоуправа Златко Перински. Министерка во новоформираното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини е Сања Божиновска, во земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, министерка за образование и наука е Весна Јаневска, министер за култура и туризам е Зоран Љутков, а министер за спорт Борко Ристовски. Љупчо Димовски е вицепремиер и министер за политички систем, а Иван Стоиљковиќ, вицепремиер задолжен за односи со заедниците, додека Шабан Салиу е министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите. Министер за животна средина и просторно планирање и заменик претседател на Владата е Изет Меџити, министер без ресор и заменик претседател на Владата задолжен за добро владеење е Арбен Фетаи, министер за здравство Арбен Таравари, Орхан Муртезани е избран за министер за европски прашања, додека за министер за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, а министер за економија е Бесар Дурмиши.  Игор Филков е новиот министер за правда, а Горан Минчев за министер за јавна администрација.

Мицкоски и членовите на Владата во Собранието дадоа свечена изјава.

– Функцијата претседател на Владата ќе ја вршам совесно и одговорно и ќе го почитувам Уставот и законите на Република Северна Македонија, кажа новиот премиер Мицкоски.

Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.

На оваа седница свечена изјава даде и потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски.

Претседателот на Собранието Африм Гаши информираше дека до Државната изборна комисија ќе биде испратено известување колкумина пратеници станале дел од Влада за на нивно место да бидат делегирани други од соодветните листи за пратеници.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред гласањето им се обрати на пратениците во Законодавниот дом. Обвини дека претходниот владин состав ја капитулирал државата, а и него како човек го натерале да капитулира пред нив и пред народот присилувајќи го да ја изговори срамната придавка на името на земјата.

Но рече дека тоа го сторил затоа што како човек ги почитува законите и Уставот.

Рече дека во неговиот мандат опозицијата ќе види што е работење, а на СДСМ им порача побрзо да се консолидираат во своите редови и рече дека на изборите биле казнети од народот поради лошото владеење.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Пожар кај Психијатриската болница во Бардовци – евакуирани пациенти и персонал

Дејан Дејан

Сè уште се трага по 11 деца и еден воспитувач по разорните поплави во Тексас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе