Вести Македонија

Почина Исуф Кадриу, заменик-главен уредник на ТВ АЛСАТ

Исуф Кадриу почина на 52-годишна возраст од срцев удар во туристичкиот град Шенѓин, Албанија, каде што беше на одмор со семејството.

Оженет е и татко на три деца. Средното образование го завршил во гимназијата во Гњилане, додека новинарство дипломирал на Универзитетот во Тирана.

Од 2008 година е заменик главен одговорен уредник на телевизијата АЛСАТ, каде што даде извонреден придонес во процесот на организирање и водење на работата во информативната програма на телевизијата.

Во текот на работата се истакнуваше по големата професионална посветеност и колегијалност. Новинарската кариера на Исуф Кадриу започна во 1998 година во телевизијата ЕРА, а од 1999 година во Програмата на албански јазик на Македонската телевизија, каде работеше како уредник на вести до 2008 година, вклучително и чувствителниот период на конфликтот во 2001 година, каде со посветеност, не штедејќи ништо од професионален аспект придонесе за правично и објективно информирање за случувањата на терен, а честопати и самиот беше во улога на воен известувач од фронотот.

Паралелно со неговите ангажмани во медиумите во земјава, од 2001 година Кадриу е постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје, од каде известува за политички, економски, културни случувања и настани од Скопје и земјава.

Информацијата за смртта на Кадриу ја објави и Телевизија Алсат.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изложба на слики, цртежи и графики од Вангел Наумовски во Галерија „Остен“

Дејан Дејан

Битиќи: Веќе е поминато времето да зборуваме за колективна одговорност

Дејан Дејан

Битиќи: Во овој момент сѐ уште сум оптимист дека партијата ќе се врати таму каде што заслужува да биде

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе