Вести Македонија Најважни

(ФОТО + ВИДЕО) Поплавени стотина куќи во Тетово – се бара исклучување на струјата во градот

Силното невреме кое попладнево го зафати тетовскиот регион направи хаос. Улиците во Тетово се претворија во реки, а возилата едвај се движеа во големите количини вода на асфалтот. Атмосферската канализација не можеше да ја прими огромната количина дожд која наврна. Има пријави за поплавени куќи, подруми, гаражи, влезови, паднати дрвја. Неколку тетовски села имаат прекин во снабдувањето со електрична енергија и интернет конекцијата.

Тетовските пожарникари се на терен, постапуваат по пријавите за испумпување на вода од поплавени улици и објекти.

Повеќе од 100 куќи се поплавени и голем број подруми. Во подвозниците на влезот од Тетово има заглавено автомобили, спасувавме луѓе од колите кои веа заглавени. Сите противпожарни единици кои ги имаме на располагање се пратени на терен и им помагаат на луѓето колку што можат. Нашите препораки се луѓето да не се движат по подвозниците озобено на влез и на излез од Тетово и да останат дома бидејќи се уште не се знае како ќе се развива невремето, може повторно да се врати. Побаравме да се исклучи цела електрична мрежа во Тетово поради тоа што има поплавено голем број куќи со цел да се спречат човечки жртви, вели за Телма командирот на противпожарната територијална единица од Тетово, Авни Амети.

По топлиот и спарен ден околу 16.30 часот започна да врне пороен дожд проследен со грмежи и град, кој освен градот ги зафати и околните села.

Данијела Билбилоска

(ФОТО) Поплавени стотина куќи во Тетово – се бара исклучување на струјата во градот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе