Вести Македонија

Скопје погоден од голема водена маса, наместа во форма на невреме проследено со силен ветер и град

Невремето од Тетово пристигна и во Скопје. Сопската котлина попладнево зафатена од пороен дожд проследен со силен ветер, а наместа е забележана и појава на град.

Улиците во некои делови од градот и повиршините околу станбените објекти се покриени со воден талог.

Температурата за краток временски интервал падна за 10 степени од над 30 на околу 20 степени Целзиусови.

Сообраќајот се одвива со отежната видливост а во скопската населба Ченто граѓаните пријавуваат и штети на нивните автомобили.

Невремето продолжува со силни електрични празнења.

Повремен дожд е најавен и за во текот на утрешниот ден.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе