Децентрализацијата повеќе години тапка во место, а општините се уште се зависни од државниот буџет и тоа кога треба да се сработат капитални инфраструктурни проекти. Истражувањата на експертите покажуваат дека главниот проблем на општините е начинот на кој се финансираат.
Градоначалниците очекуваат фискалната децентрализација да се подобрува, со цел да имаат подобри општински и комунални услуги кон граѓаните. Истражувањата на невладиниот сектор покажуваат граѓаните сметаат дека не се доволно вклучени во процесот на креирање на буџетите.
На дебата за децентрализацијата организрана од ФРЛЗ – Штип беше истакнато дека за проектите и кои од нив ќе имаат приоритет во финансирањето, носителите на одлуки на локално ниво имаат обврска да ги консултираат граѓанските организации и граѓани.
Викторија Јованова